
Се е подготвено во штипските средни училишта за полагање на државна матура. Воедно решен е проблемот со медицинското училиште за полагањето. 207 ученика од медицината ќе полагаат во ходниците, холовите, но ќе ја искористат и спортската сала. Годинашните промени за полагање на државната матура се обезбедени со цел да се реализира процесот и учениците да си ги прикажат своите реални знаења.
„Соогласно со насоките кои ги добивме од државниот испитен центар во сабота на први и следната сабота на 8 јуни учениците од нашето училиште ќе полагаат државна матура во училиштето односно ќе бидат искористени сите просторни капацитети, спортската сала и ходниците, влезниот хол се со цел да иамем успешно и правилно организирана државна матура.“- вели Николиќ
Во училиштето Коле Нехтенин државна матура ќе полагаат 118 ученика. Според инфорамциите учениците ќе бидат групирани како и порано по 15 во група, но ќе се обезбеди поголем број на набљудувачи и тестатори, вели Шалева директорката на училишето.
„Ова година матурата ќе се полага надвор, не во училниците. Тоа значи дека ќе полагаат во ходиницте и холовите, така што ќе бидат групирани улениците повторно по 15 во група, но ќе има назначено по повеќе набљудувачи и тестатори се со цел да се добие по квалитетна матура, на која што учениците реално ќе ги покажат своие знаења,а не како во минатите години во некои училишта.“- додава Шалева
Штипската гимнзазија има просторни можности да го реалзира процесот на државна матура, вели директорката Ристова. Со што е обезбеден простор за полагање на 144 ученици во штипската гимазијата.
„Државната матура, екстерниот дел на државната матура кој што се состои од два испита ќе се одвива во просториите на гиманзијата, поточно во ходниците. Гимназијата има просторни можности да се одвива целокупниот процес на полагање на матура бо нашата зграда.“ – додава Ристова
На ниво на Општина Штип во средните училишта државна матура ќе полагаат 475 ученика, завршен испит 104 и училишна матура 3. Инаку учениците се спремаат за полагање на првиот предмет во сабота на први јуни и ворниот следната сабота на 8 јуни.
Лаура Стојанова, М-Нет