
Може да го произведе секој ако сака да работи, морковот е еден од производите кои се застапени по пазарите и досега се бара и купува. Раде Ангеловски вели дека во штипска Лакавица условите се одлични за произведување на морков. Иако младите не сакаат да работат, вели тој произведува и производите ги пласира на пазарот. Долги години се занимава со производство на земјоделски култури и за него е исплатливо.
„Морковот може секој да го произведе ако сака, ама сега младите не сакаат да работат и тоа е друга работа. Морковот се сади, едншка се прска и тоа е се. Цената е прилично добра, новиот е 80 денари, стариот 60 денари.“ – вели Ангеловски.
Околу шест декари морков производува на 12 километар. Вели купува скапо семе, но добива квалитетен морков. Задоволен е и од цената по која се продава морковот на пазарот и од побарувачката. Се троши како алва.
„Пет тона морков има од еден декар. Морковот е од Лакавица“ – додава Ангеловски.
Морковот е коренест зеленчук со светло портокалова боја, кој расте два пати годишно. Коренот од ова растение може да се јаде суров, варен или во сокови. Морковот е популарен зеленчук, што се користи во многу јадења. Најпознатиот бенефит од морковите е високата содржина на витаминот А, кој е сојузник за видот. Покрај тоа, морковите се извор на растителни влакна и бета-каротин, супстанција која на морковот му ја дава неговата специфична боја . Во морковите исто така има и железо, витамин Ц и калиум . Поради сите овие супстанции, морковите можат да го подобрат варењето и имунитетот. Покрај тоа, тие се одлични за циркулација и, воопшто, за здравјето на срцето. Покрај тоа, во морковите има хранливи материи кои можат да помогнат во заштитата на забите од бактерии и можат да помогнат во регулирање на проблемите со непцата или забите.
Лаура Стојанова, М-Нет