
Проектот „Еко смарт автобуски постојки“ на ЈП Стипион оценет со највисоки оцени. Истиот опфаќа реализација на уредување на три автобуски постојки на локации во Караорман, Ново Село и пред трговскиот центар во Штип. За реализација на проектот издвоени се 1 милион денари од буџетот страна на јавното претпријтие, Усаид, како и општествено одговорни компании од бизнис заедницата.
„Реализацијата на проектот опфаќа уредување на три автобуски постојки, по една на локации во Караорман, Ново Село, и пред трговскиот центар во Штип. Овие автобуски постојки ќе бидат со современ и модерен дизајн. На нив ќе бидат поставени фото напонски волтаици и панели. Со кој што ќе се напојува осветлувањето, полначите за смарт телефони, на кој што ќе бидат објавени важни информации за општинскиот лииски превоз, како и можност за поставување реклама на компании кои што сакаат да ги рекламираат своите брендови. Вкупната реализација на проектот е 1 милион денари, овие средства се обезбедени од Јавното претпијатие, усаид и општествено одговорни компании од бизнис заедницата“ изјави Стефановски
Во проектот е предвидено да се опфатат и локланите иницијативи за развој на заедниците. Се очеува истите да бидат континуирани најмалку еднаш годишно до 2026 година.
„Со самата програма е предвидено да се подржат локални иницијативи за развој на заедниците, една од овие иницијативи е токму оваа денес која ја поптпишавме. Очекувам дека наредниот период ќе имаме и други иницијативи ќе бидат континуирани најмалку еднаш годишно до 2026 година.“ посочи Ѓоргиев
Во оваа прилика посочи дека е важно и локалните чинители да ги развијат ваквите иницијативи , кои ќе бидат поддржани од нивна страна
Лаура Стојанова, М-Нет