Навршуваат 81 година од загинувањето на борците од плачковичкиот одред, спомените и болката се уште не згаснуваат

Денеска со положување свежо цвеќе на бистата на Ванчо Прќе се навршуваат 81 година од неговото загинување во плачковичкиот одред „Гоце Делчев“ во далечната 1943 година. Освен него загинале и други борци од истиот одред во Вршидол Виничко.

„Денеска навршуваат 81 година од загинувањето на Ванчко Прќе кој што бил во редовите на вториот плачковички партизански одред „Гоце Делчев“. Во кои загинале: Ванчо Прќе, Тошо Арсов, Александар Митрев, Никола Нехтенин, Митко Цецов, Ванчо Китанов, во Вршидол Виничко на 21 мај, 1943 година“ изјави Мицевски

Поради неизвеснота и непознатиот терен, одредот се движел со одредени потешкотии, каде одлучиле да се одморат кај селото Припечани. Во меѓувреме се сретнале со Славчо Стојменски кај цело Зрновци каде тој ги информирал за подготовките на базата.

„Поради непознатиот терен одредот се движел со голем напор и потешкотии и очигледно задоцнување од планираното. Дошле до селото Припечани на 20 мај 1943 година, каде се разделиле и одлучиле да се одморат и приквечер да продолжат. Кога се стемнило борците продолжиле да се движат по лош пат испреплетен со трња. Околу 2 часот на 21 мај 1943 година, борците се сртенале со Славчо Стојменски пред селото Зрновци, тој ги информирал за подготовките во базата и го посочил местото каде требало да логоруваат.“ посочи Мицевски

Во колибата каде влегла бугарската полиција лежеле безживотните тела на Ванчо Прќе и Тошо Арсов внатре, додека надвор од неа се наоѓало телото на Александар Митрев. Додека заробените борци Никола Нехтенин, Митко Цецов и Ванчи Китанов биле премногу малтретирани каде биле приведени во полиција во Виница.

„ И тој се предал, бугарската полиција влегла во колибата и внатре биле убиени Ванчо Прќе, Тошо Арсов а надвор од колибата бил убиен Александар Митрев. Заробените борци Никола Нехтенин, Митко Цецов и Ванчо Китанов биле многу тепани и малтретирани. Истите биле спроведени во полиција во Виница. “

Во едно се положи цвеќе и на спомен бистата на Коле Нехтенин во СОУ „Коле Нехтенин“ -Штип како дел од активностите за патрониот празник. На настанот присуствуваа делегации од локалната самоуправа, политички партии и ученици од ООУ „Тошо Арсов“ и ученици од СОУ „Коле Нехтенин“-Штип кои го збогатија настанот со литературно читање.

Лаура Стојанова, М-нет