Сопружници приведени во Виница, сопругот физички ја нападнал, а сопругата му се заканувала со остар предмет

фото: архива/илустрација

На 03.05.2024 во 17.40 часот полициски службеници од ОВР Виница, во виничко го лишиле од слобода С.Ѓ.(37), постапувајќи по претходна пријава според која физички ја нападнал неговата сопруга, а приведена била и С.Ѓ.(25), затоа што со остар предмет упатила закани кон нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.