
Пред големиот христијански празник Велигден се купуваат земјени производи. Чинија, тава со капак, или мал земјен сад – најважно е во куќата да се внесе нешто ново, нешто земјено. Љупчо Лазаревски од Злетово и оваа година беше на своето место кај градскиот пазар во Штип. Денот е таков вели, па раздвиженоста и побарувачката на земјени производи е задоволителна. Сите купуваа барем по една чинија за да внесат дома нешто ново. Иако во Кочани ова како адет се практикува многу повеќе, добро е и во Штип вели тој.
„Добра е побарувачката, за Влеигден се купуваат земјени работи. Тоа е традиција која останала од старите, да се внесе во куќата земјено, нешто ново.“ – вели Лазаревски.
Неколку месеци подготовка за да се направат производи кои може да се пласираат на пазарот и да се нудат на граѓаните. За овој ден, петок пред Велигден треба да има доволно дециден е Лазаровски за да може секој да си купи.
„Чиниите се бараа најмногу, тави со капак. За овој петок се подготвува два – три месеци за да биде готов овој производ. Оваа година е малку по лабаво, нема народ.“ – додава Лазаревски.
Љупчо Лазаревски долги години се занимава со производство и продажба на земјени поризводИ. Вели дека потребно е време, но и желба за да може да се создаде нешто. Во останатите денови од годината овие прозводи не се трошат во голема мера, но пред Велигден се едни од најбараните.
Лаура Стојанова М-Нет