Презентирана програмата 1198 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на пазарот во Штип

Програмата 1198 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и денеска беше презентирана пред граѓаните на градскиот пазар во Штип. Кандидатите за пратеници, Душко Иванов и Никола Мицевски, истакнаа дека со оваа програма се враќа надежта кај граѓаните, а самата програма се потпира на шест начела за подобар живот на сите.

„Самата програма е всушност надежта која ја нуди ВМРО ДПМНЕ. Самата програма е на шест столба, начела.“ – вели Иванов.

Ги повикаа граѓаните, оние неопределените на 8 мај да излезат масовно и да гласат на парламентарните и претседателски избори, со цел да може да се направат промени во државата.

„Очигледно е дека народот сака промени и ги повикуваме сите оние кои мислат каде да го дадат својот глас да гасаат за единствената опозициска сила и структура која може да ги направи промените.“ – вели Мицевски.

Во оваа прилика им ги честитаа престојните велигденски празници на сите граѓани во државата.