
И по 23 години свежи секавања, болка која не се заборава. Штип одбележа 23 години од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров. Бев дете тој кобен 3 мај 2001 година, вели Васе Јовевски сосед на Петров во Чардаклија. Не може да се заборави тој ден, не може да се заборават тие луѓе, најважно е да не се повтори, вели тој. Во негова чест е формирано и здружението кое го носи неговото име.
„Тешко е да се опише чувството на денешниот ден. Се сеќавам, бев дете на тој ден, Влатко ми беше сосед. Сеќавањата се свежи, но најважно од се е да не се повтори“ – вели Јовевски.
Со едноминутно молчење, полжување свежо цвеќе, преставници од Општина Штип, преставници од семејствата, политички партии, здруженија, делегации оддадоа почит на прерано загинатите бранители од 2001 година. Двојаковски и Петров ќе останат вечно запаментени, секогаш почитувани.
„Денес во 21 век воениот конфликт треба да биде уште посилна лекција, дека со меѓусебно разбирање, толеранција и разумни дијалози може да се решат сите недоразбирања. На денешен ден точно пред 23 години, во 2001 година во воениот конфликт Димитар Двојаковски и Влатко Петров го дадоа својот живот за одбрана на нашата Македонија. Тие се меѓу првите загинати и ќе останат вечно запаметени, секогаш почитувани.“ – вели Петрова.
Димитар Двојаковски е роден на 22 април 1972 година во Нова Горица во Словенија, а семејоството Двојаковски по потекло е од Берово. Влатко Петров е роден на 23 јули 1977 година во штипското село Чардаклија. И двајцата животот го загубиле во кумановско Ваксинце на 3 мај 2001 година.
Лаура Стојанова М-Нет