
Гужва на пазарот во Штип, пред Велигден секој излегол да купи по нешто. Едвај се разминуваа купувачите, продавачите немаа време да мерат, ама пазарот повеќе од задоволителен. Производството во изобилство, полни тезги. Продавачите велат дека ова е очекувано со оглед на фактот дека вчера пензионерите зедоа пензии, граѓаните се слободни и секој пазарува за празниците. Кога се во прашање цените, освен краставицата велат се друго е со цена како претходниот петок.
„ Пазарот е супер, ама и за празникот народот колку има пари толку излегува и купува. Сега само краставицата останува со покачена цена, 100 денари. Другото е со иста цена како претходниот петок.“ – велат продавачите.
За купувачите и денеска скапо, ввелат цените пред празниците наместо да се намлуваат тие постојано одат во нагорна линија. Краставицата исто како и за први мај и за Велигден останува луксуз оти се продава по цена од 100 денари за килограм. Но, мора да се купи нешто за празниците без разлика колку се високи цените.
„Цените на пазарот се качени, место да бидат намалени они покачени. Краставицата 100 денари килограм.“ – велат купувачите.
Домати, зелка, салата без краставица, како и сезонско овошје, па и по некое цвеќе изобилуваа на градскиот пазар во Штип и беа најмногу барани.
Лаура Стојанова М-Нет