Слога Виница со „петарда“ за Карбинци, реми на дербито во Свети Николе!

Сосема очекувано Слога Виница забележа убедлива победа од 0:5 над Карбинци со што „фенерџијата“ влезе во комплицирана борба за опстанок.

Амедов постигна хет-трик за ланскиот второлигаш, а по еден гол запишаа Манџуковски и Ѓорѓиев.

Дербито на колото се играше во Свети Николе каде Овче Поле и Вардарски одиграа реми со четири гола за конечните 2:2. Карамитров уште во 2. минута погоди за 0:1 односно за водство на лидерот од Богданци. Веќе во 10. минута Трендафилов постигна гол за 1:1. Десет минути подоцна Бејков постигна гол за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Петров во 65. минута постигна гол за конечни 2:2 со што домашниот тим откина два бода од лидерот.

Рудар на домашен терен со голот на Тихи Василевски дојде до минимална но важна победа над Ударник од 1:0.

Во Струмица беа постигнати седум гола каде Тиверија со 4:3 славеше над Дојранско Езеро во дербито за третото место. Митков во 30. минута погоди за 0:1, а потоа Тимот и Новков погодија за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Васко Трајков во 49. минута погоди за 3:1, а пак Никола Трајков за 4:1 во 85. минута. До крајот Танев и Митков со втор гол ги поставија конечните 4:3.

Во оваа коло слободна беше екипата на Малеш од Берово.

Вардарски е лидер на табелата со 31 бод, втора е Слога со 29 бодови, Тиверија е трета со 25 бодови, Овче Поле е четврти со 24 бодови, Дојранско Езеро е на 5. место со 22 бодови.

На шестото место е Рудар со 13 бодови, Ударник е седми со 12 бодови, Малеш е претпоследен со 11 бодови, а на дното е Карбинци со девет бодови.

Александар Ванев, М-Нет