
Раскопана улица во село Чешиново проблем за жителите кои живеат или секојдневно минуваат одовде. Пред камерите на М-Нет телевизија велат дека пред неколку месеци на улицата се изведувале градежни активности за промена на водводна и канализациона мрежа, но улицата останала раскопана повеќе од три месеци. Не можат да пристигнат до своите домови со возило, не може да дојде Брза помош или противпожарно возило. Децидни се дека треба надлежните да преземат мерки и да се асфалтира улицата која води до нивните домови.
„Два – три месеци стои овој проблем. Они треваше штом ископат да го направат за да немаат проблем луѓето. Ние треба, ама треба прво градоначалникот да искоче“ – велат граѓаните.
Дел од граѓаните сметаат дека улицата ќе биде реноструирана, односно според нив се чека на реализирање на договорот склучен со приватна фирма.
Слична е ситуацијата и во село Уларци. И таму жителите велат патот стои во лоша состојба повеќе од една година, а никој не презема активности за негова реконструкција. Велат редно време е да се реагира и да се направи нешто за населението овде.
Кога ќе се асфалтира улицата во село Чешиново се обидовме одговор да добиеме од надлежните однонсо од градоначалникот на Општина Чешиново Облешево, Далибор Ангелов. Тој не одговори на нашите повици, но од општината посочија дека во наредните денови одговор ќе има.
Лаура Стојанова М-Нет