Со инвестиција од 800 илјади денари се бетонираат краци од улици во Каваклиски рид во Штип

Неколку краци од улица во населбата Каваклиски рид во Штип ќе бидат бетонирани во наредниот период. Активностите на терен започнаа, а се очекува во наредниот период да се постави и осветлување. Градоначалникот Јорданов истакна дека ова се активности по барање на жителите од ова населено место, и дека реконструкција на улиците се прави првпат после долги години. Во меѓувреме се промени водоводната и канализациона мрежа.

„Станува збор за населба која што долги години не беше урбанизирана, уредена, затоа што жителите од ова населба немаа основен степен на уреденост. Немаа водовод, канализација, пристапни улици, осветлување, етапно решивме одреден број на проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. Водоводната линија и притисокот на вода кој што беше главен проблем во оваа населба во изминатата година го решивме, пред извесно време беа беторнирани одредени краци од самата населба, одредени пристапи. Денес продолживаме во останатиот дел од населбата Каваклиски рид, дополнително се поставуваат и светилки канделабри, за осветлување на пристапните улици и со тоа се надевам дека жителите од оваа населба од Каваклиски рид ќе имаат нормални и современи услови за живот.“ – изјави Јорданов.

Инвестицијата е вредна околу 800 илјади денари пари кои се издвоени од Буџетот на Општина Штип, и инвестирани за подобрување на условите за живот на граѓаните.

„Ова инвестиција што започнува да се реализира е од буцетот на општина Штип во вредност од 800 илјади денари, со кои ќе бидат опфатени неколку краци од улици, неколку пристапи до домаќинства. Се надевам дека ќе се овозможи норамален начин на живот и функционирање наовдешните жители кои долги години имаа од нас барање “ – додава Јорданов.

Задоволни се и жителите кои живеат во овој дел од градот. Велат побарале и им се излегло во пресрет на нивните барања.

Од наредната недела се очекува да започнат градежните активности на терен за реконструкција на булеварот Партозанска, инвестиција вредна околу 2 милиони евра, како и активности за реконструкција на спортскиот центар Џексон инвестиција вредна над еден милион евра.