
Синоќа во Спортската сала „Парк“ во Струмица се одигра првиот меч од финалната серија од машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Струмица 47&72 триумфираше над ШтипУГД со 3:1 во сетови односно 25:19, 25:18, 23:25 и 25:22 за водство од 1:0 во серијата што ќе трае додека една екипите не стигне до три победи.
Струмичани од 2012 година до сега само два пати не беа на тронот, а сега имат еден чекор пред штипјани за освојување на домашното првенство.
Кај Струмица најдобар беше хенкс со 16 поени, Омхени имаше 13 поени, а Милев 12 поени. Кај Штип УГД најдобар беше Задмард со 14 поени, а Абхар имаше 12 поени.
Вториот меч се игра во петок во Штип.
Александар Ванев, М-Нет