Бесплатен влез во музејот и локалитетот Баргала во Штип по повод светскиот ден на кулутурното наследство

По повод утрешниот ден 18 април светскиот ден на кулутурното наследство, Заводот и музеј Штип најавува дека утре ќе има бесплатен влез за посетителите во музејот и локалитет Баргала. Директорот Митко Штерјов во оваа прилика апелира сите заедно да го прославиме светкиот ден на кулутрното наследство во Штип како што се одбележува и во другите држави. Може да се посетат повеќе археолошки поставки кои се во склоп на штипскиот музеј, а отворен ќе биде и Музејот во штипско Ново Село.

„Утрешниот ден е светскиот ден на спомениците и локалитетите, каде што во чест на овој ден, пред се да го честитаме денот на кулутурното наследство. Завод и музеј Штип најавува дека утре бесплатен ќе биде влезот во музејот и локалитетот „Баргала“. Така ги повикувам сите заинтересирани, сите заеднички да го прославиме овој ден, и на светско ниво исто така овој ден се прославува на сите локалитети. Повеќето знаат дека Завод и музеј Штип располага со неколку поставки, значи тука се наоѓа етнолошата, историската, и археолошката поставка. Во Ново Село се наоѓа музејот на револуционерната борба, тврдината „Исарот“ може да се посети и безистенот каде што во моментот имаме една изложба. И се разбира археолошкиот локалитет кој што повеќето веќе сме кажале дека се наоѓа во нова кондиција, осветлено, ограден, така да веќе можеме да кажеме дека како институција навистина се грижиме за културното наследство. Така да сите овие работи можат да се посетат утре бесплатно“ изјави Штерјов

Во наредниот период следуваат повеќе најавени посети. Исто така за денес има закажно група од 20 дечиња која доаѓа на посета од Битола.

„Денеска имаме една група некаде околу 20 деца од Битола, потоа во наредните денови има најава, знаеме дека мај месец е месец кога се посетуваат завршни години, крај на школската година, и во ек се сите тие екскурзии, така да има најава за повеќе посети на Музејот во Штип“- посочи Штерјов.

Националниот комитет ИКОМОС Македонија е еден од 110-те национални комитети од исто толку земји во светот, членки на Меѓународниот совет за споменици и локалитети.

Лаура Стојанова М-Нет