
И покрај започнатите припреми за сеидба на ориз во Кочани, оризопроизводителите се уште се соочуваат со застарените проблеми. Децидни стојат на ставот дека со сеидба ќе почнат во јуни. Ситуацијата станува се повеќе аларманта од страна на водостопанската подружница „Брегалница“ Кочани затоа што каналите не се исчистени. Велат дека ниту еден надлежен орган нема слух за нивните проблеми.
„Сеидбата не е започната туку има припрема за сеидба. Сеидбата и оваа година ќе касне, нема ни една исчистена вода од водоводното претпријатие „Брегалница“ и ситуацијата е алармантна. Тие води не можат да ги исчистат до 11 октомври, а не сега. Значи пак ке сееме во јуни. Втора работа сеидски материјал уште нема, има дојдено колку е сеиски материјал со јас не знам. Пестициди сите тие работи, ги набавуваме на диво, значи во аптеките нема, еден препарат кој се користе неколку години, еден препарат коа се користе 4 години тоа е резистентен на сите предели, значи ние се снаоѓаме кој како знае и умее. Ако лани производството беше 10 кубно, мислам дека сега ќе се намале за 50%. Цената на оризот од 35, 37 падна на 32 денари, шо и тоа е минус за земјоделецо. Него не е само тоа имаме 200 тона пченка, јачмен не се продадени. Сточарството е уништено младите бегат еве јас тражам аргати да фрлат ѓубре, нема никој не се нафаќа. Нема млад човек.„ посочи Арсов
Ветувањата на владата повторно ги разочара земјоделците исткна Арсов . Според него и покрај уредно поднесената документација, субвенциите кои што треба да се 50% покачени се уште останаа неисплатени.
„Сакам да кажам околку субвенциите, обеќат дека ќе ги исплатат субвенциите на 50% од оризо производителите ги имат земено на 50% неисплатено. Цела документација уредна, мислам дека буквално го малтретират земјоделецо и го падат од оризовите полиња.
Оризарите бараат нивните проблеми да бидат слушнати и да се најде соодветно решение, затоа што тие се столбот на исхраната во државата. Инаку ќе бидат приморани да ги напуштат оризовите полиња и да бараат спас надвор од државата.
Лаура Стојанова М-Нет