Потпишан Меморандум меѓу шесте јавни универзитети во државата за подобри права на вработените

Свечено потпишување на меморандум за соработкаа на шестте уневризиети во нашата држава се одржа денес во просотиите на правниот факултет во Штип. Основната цел на денешното потпишување е заедничка соработка меѓу универизитетите и остварување на нивните парава кои ги заслужуваат.

„Денес е планирано свечено потпишување на меморандум за соработка на шестте универзитети во нашата држава. Основната цел и понетата е да соработуваме заедно, особено во делот на активностите кои престојат по конституирање на новата влада, а тоа е потпишување на колективен договор за вработените во јавниот сектор. Освен тоа кој што има примарна задача влегуваат и други активности кои планираме да ги остваруваме во наредниот период . Да се вмрежиме со други јавни универиитети од соседството, непосредното опкружување и пошироко во Европа. Да соработуваме на заеднички проекти заендичка едукација, планирање на заеднички активности кои значат заштите на правата и обврските о одговорностите на вработените во јавните универзитети.“ – изјави Мајхошев.

Историски момент за сите универзитети, можност да се зголемат пллатите за вработените, но и бројот на вработени во високо образовните институции. Потпишувањето на Меморандумот е од огромно значење за сите синдикати.

„Ова е еден историски момент за сите нас особено за државните и јавни универзитети, затоа што никогаш во историјата никогаш до сега не бил потпишан колективен договор. Со овој меморандум е заеднички да се обидеме да го подобриме квалитетот на работа на вработените.“ – вели Ристов.

Во меѓувреме се разгледува можноста за формирање нa Унија односно сојуз со посебен статус за оставарување на правата на вработените во институциите за високо образвание.

„Во иднина сакаме да направиме една Унија на синдикатите на високото образование или некој сојуз со посебен статут“.

Меморандумот е од отворен карактер и во него можат да пристапуваат и други јавни и приватни универзитети, кои својот интерес го наоѓаат во дејствување во насока на подобрување на правата на вработените на универзитетите.

Лаура Стојанова М-Нет