Соседот изградил тераса и причинил штета во станот на сосетката, судијката пресудила во негова корист

Оштетена плоча, ѕидови со влага, вода која се враќа назад на терасата, ваква е сликата во станот на Елизабета и нејзиното семејство откако соседот изградил тераса, со што ја затворил водата на нејзината тераса. Вели прекршени се Законите, а таа и нејзиното трпат штета.

„Затворена водата од терасата, 15 сантиметри и повеќе има ставено малтер одозгоре на плочата оштетена ми е плочата, водата ми се враќа во дневната соба, паркетот ми се оштетува, отварам,проветрувам, во малата соба имам влага, скапан ми е регалот за облека.“ – вели Елизабета.

Дополнително на проблемот со кој се соочуваат, соседот ги тужел, а судиката пресудила во негова корист. Прашува на која основа е донесена пресудата, додавајќи дека проблемот ќе се решава на Суд.

„Додека ние бевме во Турција, тие триипол недели на лекување, носи судиката пресуда да му платам јас на него штета тој да може да граде уште нагоре. Па сакам да прашам колку уште нагоре може да се гради. Дали може да гради и преку мојот прозорец, дали е дозволено од неа.“ – додава Елизабета.

Бара случајот да биде разгледан повторно, со цел да се утврдат пропистите кои се направени. Децидна е дека реагирала и во Општината, од каде посочиле дека не смее да се гради повеќе бидејќи не дозволуваат Законите.

Лаура Стојанова М-Нет