
Охрид синоќа во „Билјанини Извори“ одново го преслуша Бутел и запиша нова победа, откако славеше со 33:28 во плеј-офот од ракометната Суперлига. „Гладијаторите“ на Стефче Алушовски одиграа одличен натпревар и стигнаа до посакуванат цел, триумф со кој продолжуваат да се борат за пласман во првите три екипи и излез во Европа.
Охрид отвори одлично во „Билјанини Извори“ каде имаше околу 1000 гледачи, откако направија серија од плус четири за 6:2, а потоа и 10:6.
Гостинскиот тим дојде само до минус два при 10:8, а потоа „гладијаторите“ одново зголемија на високи плус пет при 15:10, а на полувреме имаа 18:13. Во вториот дел Охрид беше уште поубедлив откако дојде и до 20:14 за високи плус 6, и постојано ја држеше разликата од 4 до 6 гола за конечни 33:28.
Сосема очекувано кај Охрид најдобар беше Гал Цирар со шест гола, по пет гола имаа Никола Јукич и Гоце Ојлески. Кај гостинската екипа Филип Николов постигнат девет гола, со што беше и најдобар на средбата. Охрид е трет со 20 бодови на своето конто, има бод помалку од Вардар кој е трет и три помалку од лидерот и шампион Еурофарм Пелистер, кој е на врвот со 23 бодови.
Александар Ванев, М-Нет