Лидерот во Трета лига – Север, екипата на Куманово со ново соопштение

Екипата на Куманово, која е лидер во Третата македонска фудбалска лига – Север, денес излезе со ново соопштение како што велат од клубот соопштение до македонската јавност и до Фудбалската федерација на Македонија.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ГФК КУМАНОВО:

„Почитувани љубители на спортот во нашата држава и почитувани од ФФМ. Поминаа два дена откако го одигравме натпреварот против екипата на БВК во с. Средно Коњари каде што на натпреварот навивачите од Арачиново направија инцидент ги нападнаа домашните фудбалери и управата на клубот незадоволни од резултатот и дојде до прекин на натпреварот, по што ПОЛИЦИЈАТА реагираше професионално и не заштити и нас да не бидеме нападнати. На последните две гостувања нашите натпревари беа прогласени од ФФМ за натпревари од ВИСОК РИЗИК исто така беше и во есенскиот дел кога на домашен терен игравме против Арачиново и на гостинскиот терен против екипата на Фортуна на кои сите натпревари беа присутни навивачи од Арачиново кои ни се закануваат и сакаат да ни извршат притисок. Да напоменеме дека имаме уште три гостувања каде противници ќе ни бидат екипите на (Беса Слупчане, Ринија Сарај и Башкими Љуботен кои свои натпревари ги игра во Бутел) Сите три натпревари претпоставуваме дека ќе бидат прогласени од ВИСОК РИЗИК на кои натпревари ќе дојдат голем број навивачи од Арачиново спремни да направат се само да изгубиме бодови. Да се запрашаме јавно ние играме ли фудбал или водиме војна. Што бараат навивачи од Арачиново на сите наши натпревари? Почитувани од ФФМ сакате ли да го развивате фудбалот во Македонија или сакате насилство во фудбалот во Македонија. Дали ако влезе Шкендија Арачиново во Втора лига секој натпревар на домашен и на гостински терен ќе бидат прогласени за натпревари од ВИСОК РИЗИК?“ се вели во соопштението на ГФК Куманово.

Екипата на Куманово е прва со 49 бодови на своето конто, а пак Шкендија Арачиново е втора со 48 бодови, некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ е трет со 42 бодови.

Александар Ванев