
Вечера во сопствена продукција на Центарот за кулутра „Ацо Шопов“ во Штип под името Книголандија се организира театарска престава за деца. Целта е да се разбуди чусвтвото кај децата за важноста на книгите,со цел повеќе да се развиваат, сонуваат, фантазираат преку еден ваков вид на претстава.
„Денес ја имаме честа првата премиера од оваа сезона која што е во сопствена продукција од страна на Н.У Центар за култура „Ацо Шопов“- Штип ви ја преставуваме новата детска престстава за најмладата публика. Она што е битно за оваа детска претстава е дека сакаме да го пробудиме чувството кај децата за важноста на книгите преку една интересна театарска претстава преку интересни приказни, повеќе приказни вмешани во една целина каде ќе ка доловат магијата за читањето на книгите. И да предизвикаат кај децата едно што е најбитно е дека книгата ги создава соништата и ги поттикнува децата да се развиваат и сонуваат“ изјави Трајков
Режијата за вечерашната претстава е под менторство на Кристина Атанасовска. За костимографијата и сценографијата се заслжни студентите од технолошко-техничкиот факултет под менторство на Доцент Сања Ристевска кои што неуморно вложиле многу труд за костимите. За нив се употребени елемнти од хартија и материјал.
„Би сакал да се заблагодарам на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на Техничко- технолошкиот факултет за отстапените студенти при менторство на Доцент Сања Ристевска, кои што работеа заеднички при изработката на костимографијата и сценографијата што овозможивме еден вид практична настава од идеја до реализација кај што креативноста на студентите заедно со нашата костимографка и сценографка Моника Гачева работеа неуморно за да ги изработат овие костми кои што можете да ги видете вечерва. Она што е важно употребени се многу интересни елементи од хартија до материјал и комбинација за да може оваа престава да изгледа интересно. Режијата е под палката на Кристина Атанасова која што е наша вработена овде и се надеваме дека ќе биде интересна за публиката и за дечињата„ посочи Трајков
Во иднина се очекува работење на неколку премиери, едната од нив ќе ја работи домашниот режисер Никола Ристевски. Во месец јуни веќе се закажани четири премиери. Четвртата премиера ќе биде под востводство на режисерот Дејан Пројковски.
Лаура Стојанова М-нет