Отстранетата цистерна кај „НАМАТА“ во Штип ги скара опозицијата и власта

Река нафта и смет ги разбудија штипјани во централното градско подрачје, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Според нив ова е еколошка катастрофа која е создадена од Локалната самоуправа.

„Во мрак за никој да не ги види, во манири на најголеми криминалци синоќа локалните власти извршиле дислокација на цистерната без притоа да кажат каде ја однеле. На што се должи ова тајно дејствување не знаеме, но јавноста заслужува одговори на прашањата:
Каде е цистерната?
Кој оператор ја дислоцираше цистерната, на која локација е дислоцирана и како ќе се постапува со истата понатаму? Ги повикуваме сите надлежни органи да излезат на терен и да установат до кој степен е направената штета“ – посочија од ОО на СДСМ Штип.

Заради опстрикциите, кочењето и поднесувањето на кривични пријави се кочеше изградбата на првата катна гаража, сега СДСМ го прават истото и пред изградбата на втората катна гаража, врати градоначачникот Јорданов.

„Евидентно е дека на СДСМ во Штип не и одговара тоа што се работи на повеќе места. Јас сакам да и посочам дека вистинското лице, вистинското работење од моја страна ќе го видат после изборите. Работењето со реализирани капитални проекти, со реализација на нови паркинг местана булевар Партизанска и на многу локации ќе го видат по изборите“ – вели Јорданов.

Јорданов во оваа прилика истакна дека граѓаните ќе пресудат кој работи, а кој не.

Лаура Стојанова М-Нет