
По одиграни 18 кола заврши сезоната во Првата футсал лига на Македонија, со што веќе ја имаме и конечната табела по одиграната сезона во 2023/2024.
Форца е нов шампион со освоени 51 бод на своето конто, а Овче Поле и Карадаку се селат во Втората лига. Екипата на Овче Поле освои само осум бодови во текот на целата сезона, а пак Карадаку освои 14 бодови.
Што се однесува до табелата во Прва лига, на второто место сезоната ја заврши Шкупи со 40 бодови, Клими заврши трет со 30 бодови, четврти на табелата заврши Осогово со 28 бодови, петти заврши Железарец со 26 бодови, Бутел заврши шесто со 23 бодови, Црна Река осма со 22 бодови, а пак Кеги Моби заврши на осмото место со 18 бодови.
Првите две екипи од Втората лига директно влегуваат во Првата футсал лига. Во моментот на шест кола до крајот лидер е Проект 54 бодови и засега поранешниот прволигаш оди сигурно кон враќање во елитата, а на второто место е Кораб со 47 бодови, но четири повеќе од третопласираниот Јувентус Серава, но екипата од Кораб има меч повеќе. Ќе биде неизвесно до самиот финиш за првите две места кои директно водат во Првата лига, со што ќе го имаме конечниот изглед на Првата лига за следната сезона.
Александар Ванев, М-Нет