Вработените во ЈЗУ„Клиничка Болница“ Штип, со пригодна манифестација го одбележаа 7 април

Со интонација на химната и претставници на хорот, започна пригодна манифестација за одбележување на Светскиот ден на здравјето, со вратобените од ЈЗУ„Клиничка Болница“-Штип. Годинава на самата прослава беше прочитана пораката од Светската здравствена организација, и одбележување на јубилејни 10, 20, 30, 40 години непрекинат работен стаж во болницата. Воедно на оваа манифестација, вработените во болницата ги испратија и колегите во пензија, на кои им посакуваат среќни и исполнети пензионерски денови.

„Во секој момент ќе започне прославата по повод 7-април, Светскиот ден на здравјето. Ова година прославата е на 5-април, бидејќи 7 април е недела неработен ден, и како и секоја година традиционално да го одбележиме. Во текот на оваа прослава ќе биде прочитана пораката на светската здравствена организација „Мое здравје, мое право“, ќе се обратам јас со една анализа и осврт на она каде сме биле и каде сме денес. Традиционално на сите вработени кои што оваа година слават јубилеј 10,20,30 и 40 години непрекинат работен стаж, да им доделиме награди и надоместоци и да ги испрсатиме пензионерите во текот на претходната одина кои се пензионираа во ЈЗУ„Клиничка Болница“ Штип и да дадеме признание и благодарница за сите оние луѓе, компании и установи кои со својот ангажман изминатата година дадоа голема подршка и придонес за работата на Клиничка Болница Штип. “ – изјави Георгијев.

Директорот на штипската болница посочува дека годинава се примени нови 34 работници, а 30 заминуваат во пензија. Посочува дека кадарот ја дава разликата и епитетот дека Клиничка Болница Штип е лидер на меедицината во Источна Македонија. На некои оделенија условите се лоши, но дециден е дека кадарот е главен факт во работата. Затоа што и кога ќе се изгради новата болница, доколку нема доктори, ќе нема да може да функционира и кој да ги лечи граѓаните. Инаку на денешната прослава се одбелуваше и јубилејна 100 годишна работа на оделот за хирургија во штипската болница.

Лаура Стојанова М-Нет