
Промени на подобро очекуваат граѓаните во Штип од идниот претседател без разлика кој ќе биде. На првиот ден од почетокот на кампањата за претседателските избори, штипјани согласни дека промени се потрбени повеќе од било кога, велат затоа излегуваат на гласање и тоа се нивните главни очекувања.
„Очекувам, а и сакам да има промени и за партиите и за претседателите.“
Кога е во прашање кампањата, повозрасните граѓани се со поделено мислење. Но, сепак се оптимисти дека црната кампања нема да биде приоритет за политичарите, туку промените кои треба да се случат во државата.
„Тоа да ти кажам никој не го знае, ништо не се знае во нашата Македонија. Такви ни се политичарите да немаш доверба во никој. Било и порано лошо ама јас мислам дека сега е уште полошо.“ – додават граѓаните.
Инаку, денеска започна кампањата за претседателските избори, а во трката за претседател влегуваат седум кандидати.
Лаура Стојанова М-Нет