
Полна сала, се бара столче плус за легендарниот Сашко Коцев картитете продадени уште пред два месеци. Расположена и насмеана публика, и можност да се искаже она пречи во општеството на духовит начин. Коцев за М-Нет телевизија вели дека секоја престава ја завршува со порака која е важна и поучна, а најтешки за него се деновите пред и по стенд ап. Пред затоа што се бараат карти, а карти нема, а потоа бидејќи сите раскажуваат како поминале синоќа.
„Јас секогаш концепирам да се биде питко кажано, духовито, да се насмее народот, што велат после престава главата ме заболе од смеење или вилицата многу ме боли. Но, јас секогаш го концепирам така да и нешто кажам, нешто важно, нешто што ми пречи во општеството, нешто што сите нам ни пречи, а не сме ниту свесни за тоа.“ – вели Коцев.
Од водител на Златна бубамара до стенд ап комичар кој ги полни салите и распродава дури и по осум престави во еден град. За Коцев радува фактот што се менува старосна граница, па не само ппомлади туку се почесто во публика има и повозрасни граѓани.
„Доаѓа публика која е млада, која те знае нели, но вчера ми беше многу интересно, што во првите три реда имаше дами дотерани, 70 годишни, со убави марами, со убава тоалета, не се смеат громогласно, они се пристојни, тоа мене најмногу ме израдува. И таа публика сме ја опфатиле да дојде овде“ – додава Коцев.
Духовитост, љубов и талент за да се наполни полна сала публика за стенд ап комедија. Наредните стенд ап комендии се во Кочани каде веќе се продадени три престави.
Лаура Стојанова М-Нет