Локалниот превоз ја исполнува потребата на граѓаните од општина Карбинци

Локланиот превоз ја исполнува потребата на граѓаните на Општина Карбинци. По три месеци активен локален превоз, граѓаните од изоставените села како Аргулица и Козјак, можат да патуваат до градот со превозот и да си ги исполнат обврските.

„Граѓаните имаат за прв пат можност, поготово оние населени места кои што беа изоставени во овој локален превоз тоа се селата Аргулица и Козјак. За прв пат имаат можност да ги користат овие линии со цел да се почувствуваат поблиску до градот Штип. Она што можеме ние како Општина да го констатираме заедно со ЈП „Стипион“ дека потребна е поголема мотивација кон жителите за користење на овој локален превоз“ изјави Паунов

Јавниот превоз може да се користи четири пати во денот, за потребите на граѓаните. Воедно превоз функционира само за учениците до плачковичките населени места, но се надеваат дека во иднина и граѓаните ќе можат да го користат.

„Во оваа прилика го користам моментот да апелирам почесто и поретко да го користат јавниот превоз, меѓутоа да се извадат и месечни и повратни карти, билетите се навистина во достапна цена. Можноста за користење на јавниот превоз е четири пати во денот со цел да остане во функција на користење во Општина Карбицни. Ги информираме граѓаните дека имаат таква можност да се вадат повртни билети, неделни, и месечни билети како и годишни билети кои шинат повеќе.“ – додаде Паунов

Упатуваат апел, да се користи почесто овој локален преоз што е можно повеќе за да опстане и понатаму во функција на територија на Општина Карбинци. Посочуваат дека најчесто се користат дневните билети, но подобро е да се користат повратните билети кои се поефтини за граѓаните кои патуваат до градот и се враќаат во текот на денот. Сепак граѓаните имаат можност да вадат дневни, повратни, неделни и месечни.

Лаура Стојанова, М-Нет