Со креативни работилници започна караванот на прогрмата „Општинско-корисна работа“ во Штип

Започна караванот на програмата „Општинско-корисна работа“ со орагнизирање на креативно —информативни работилници. Денес во Штип присуствуваа претсатвници од три плански региони од источниот, југоисточниот и вардарскиот регион, со претставници од Општините, центрите за вработување, центри за социјална работа, невладини и младински ораганизации. Сепак се наосочуваат на ранливите категории кои се во центарот на вниманието.

„Општинско корисна работа веќе 12 години се имплементира уште од 2012 година, која крие богата историја пред се се креираат или унапредуаат социјални услуги на локално ниво. Ние ја доживуваме како база и ресурс за развивање на улосвите, меѓутоа во исто време даватели на улугите се лица невработени кои преку вклучувањето на програмата кои понатаму доаѓаат до зголемена вработливост на пазарот. Програмата е во соработка со нашите партнери и агенцијата за вработување и министерство за труд и социјална политика, во цел контекст низ изминатите 12 години, околу 80 илјади крајни корисници имаат добиено услуги.“ – изјави Ташовски

Воедно на денешната средба од Макеонска Каменица, велат дека веќе 11 години се корисници на прогрмата, со што користат многу активности. Велат дека во преоритет е прогрмамата за грижа на стари лица.

„Прво користиме грижа и нега за стари и изнемоштени лица, грижа за лица со попреченост, лични и образовни асистенти во средното училиште и основното образование и ангажирање на лица со попреченост со активности кои ги спроведуваат како во општината така и во иинституциите во Македонска Каменица.“- додава Митревски

Исто така велат дека на терен согледуваат нови ранливи групи на кои допрва ќе им треба помош , со новото темпо на живеење излегуваат целни групи како зависниците, малолетна деликвенција и често одење во казино. Истите ќе имаат потреба од психолошка помош и социјална подршка.

„Ние обезбедуваме помош и нега во домот кај изнемоштени лица, лица со посебни потреби, без разлика на нивната возраст. Исто и кај старите лица поради иселувањето на младите, па така старите болни лица остануваат сами, и нема кој да се грижи за нив. Меѓутоа преку излегување на терен од досегашното искуство, мапиравме голема потреба и кај други ранливи категории, кај кои допрва ќе има потреба за помош. Со помош на овие работилници ќе научиме нови знаења и ќе размениме искуства со кои ќе изнајдеме решение за помош на ваквите лица.“-посочи Илиева

Посочуваат дека со оваа програма делуваат во околу 60 општини со предизвик да вклучат уште 20 општини, со опфатени 4800 даватели на ваквата услуга. Со што оваа програма била иницијатор на национално ниво да социјалните сервиси ги препознае држава и да влезат во рамките на системот.

Лаура Стојанова, М-Нет