
Ракометарите на Радовиш запишаа нова победа откако на гостувањето во Гостивар кај Јехона славеа со 25:32 во рамки на 5. коло од плеј-офот од Првата лига. Радовиш пред натпреварот со Јехона направи и тренерска промена, Љупче Мијалов е минатото во Радовиш, а клубот ќе го води неговиот досегашен помошник Александар Долдуров како и поранешниот ракометар на Радовиш, Спасе Ѓорѓиев.
Тренерското дуо дебитираше на клупата на Радовиш со триумф над екипата на Јехона, која во првиот дел парираше одлично на ланскиот суперлигаш, откако на полувреме резултатот беше 12:12.
Во вториот дел од мечот Радовиш одлепи на плус четири гола предност, а до крајот водството кое порасна на плус седум за конечни 25:32.
Во редовите на Јехона најдобар беше Салиу со седум гола, а во победничкиот табор најдобар беше Васе Петров со седум гола, додека пак Зоран Стојановски имаше шест гола.
Лидерот Бисинов со 35:30 славеше над Металург во дербито на колото, Шампион загуби од екипата на Младост со резултат од 27:31. Македонија ЃП дома загуби од Драчево со 33:41.
Во следното коло Јехона ќе биде домаќин на Шампион, Радовиш ќе игра со Драчево, Младост и Бисинов во Богданци го играат дебито на колото, а пак Металург ќе биде домаќин на Македонија ЃП.
Александар Ванев, М-Нет