
Овој викенд се одржа 13.Државно првенство во џиу џицу во населбата Илинден во Скопје со учество на натпреварувачи од седум клуба.
Штипскиот клуб Осенсеи со 15 медали од кои шест златни, седум сребрени и два бронзени е прогласен за најдобар клуб на Државното првенство.

Христијан Јованов и Виктор Велинов се задоволни од постигнатиот успех, Ева Димитрова го положни практичниот дел од испитот за судија. На Данил Николиски ова му беше испит пред Европското првенство следната недела во Романија.
Александар Ванев, М-Нет