
Денес се одиграа натпреварите од 15. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, а во оваа коло слободна беше екипата на Борец, која е лидер на табелата.
Дербито на колото го играа Големо Коњари и Превалец, кое заврши со четири гола без победник за конечните 2:2. Ерџан Ибраимоски во 31. минута погоди за 1:0, а десет минути подоцна Ангел Гаштев израмни на 1:1.
Во вториот дел гостинот направи пресврт поведувајќи за 1:2 откако погоди Иванче Давитков, а пак за домашниот тим по девет минути израмни на конечните 2:2 со вториот гол на Ибраимоски.
Локомотива на домашен терен доживеа вистински потоп откако беше поразена со 1:6 од Слога. За домашниот тим Ерсан Шабанов беше единствен стрелец, а за гостинот двоен стрелец беше Самир Каришиќ, а по еден гол постигнаа Османоски, Имероски, Угљанин и Емир Каришиќ.
Ултрас на домашен терен не беше моќен против Росоман и загуби со 0:6. Миланов постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Дуков, Јованов и Миловановиќ.
Младост на домашен терен загуби со 0:4 од екипата на Питу Гули, откако гостинот до овој триумф дојде преку Андреески и Велевски кои беа двојни стрелци.
Бучин на домашен терен дојде до важен триумф од 3:1 над Марена откако за домашниот тим Колчакоски беше двоен стрелец, а Солески беше стрелец на третиот гол. За гостинот погоди Јовановски.
Борец е лидер со 30 бодови, на делба на второто место со по 27 бодови се Росоман, Големо Коњари и Превалец. Питу ГУли е на 5. место со 21 бод, Слога е шеста со 19 бодови, Младост е седум со 18 бодови, Ултрас е на осмото место со 14 бодови.
Марена е на деветтото место со 11 бодови, Локомотива е десетта со 10 бодови, а на дното е Бучин со седум бодови.
Александар Ванев, М-Нет