Десниќ носи три бода за Куманово во дербито со Еуромилк ГЛ, Аеродром со „петарда“ за ССК Нова!

ФОТО: М Нет телевизија | Куманово – Еуромилк ГЛ

Дербито на колото во Доброшане заврши со минимален, но голем триумф од 1:0 за Куманово кој славеше над некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

Стрелец на единствениот победнички кој падна во судиското надополнување на првиот дел беше Дарио Десниќ.

Аеродром со убедливи 0:5 го декласираше „фенерџијата“ ССК Нова со двата погодоци на Стојановски, а по еден гол постигнаа Алексоски, Недељковиќ и Мицевски.

Беса Влазрими на домашен терен со 3:1 славеше над Петровец во меч каде домашниот тим дојде до триумф со погодоците на Амир Бајрами, Шуајб Бајрами и Бехар Демири, за гостинот погоди Мартин Шутевски.

Кадино и ланскиот второлигаш Локомотива Пехчево ремизираа играјќи 1:1. Домашниот тим на стартот од вториот дел дојде до водство со голот на Теодор Стојановски, а веќе во 53. минута Давид Цеков ги постави конечните 1:1.

Фортуна и Башкими Љуботен ремизираа со по еден гол (1:1). Курти погоди за 0:1, а пак Мифтар во 28. минута за конечни 1:1.

Вчера Риниа беше немоќна против Шкендија Арачиново која славеше со 1:5. За домашниот тим Зирап Имери погоди вториот дел, а пак за гостинот Метин Ќерими погоди за 0:1, а двојни стрелци беа Јасир Меќири и Илир Сула.

Бутел на домашен терен со 2:1 го доби тешкиот меч со БВК Коњаре, откако Михаил Цветановски постигна два погодоци, а еден гол постигна Амар Исљам.

Лидер е Куманово со 46 бодови на своето конто, Шкендија Арачиново е втора со 45 бодови, на третото место е Еуромилк со 39 бодови, Фортуна е на 4. место со 36 бодови, а пак БВК Коњаре е на 5. место со 33 бодови.

На 6. место е Беса Влазрими со 39 бодови, Кадино е седми со 28 бодови, Пехчево е осми со 24 бодови, Башкими Љуботен е деветти со 20 бодови.

на 10. место е Риниа со 19 бодови, Аеродром е на 11. место со 17 бодови, Бутел е на 12. место со 11 бодови, Петровец е претпоследен со девет бодови, а на дното е ССК Нова без бодови.

Александар Ванев, М-Нет