
Шкендија ја преслуша Брегалница и забележа убедлива победа од 4:1 во доминантен меч на поранешниот шампион од Тетово. Во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига екипата на Шкендија стигна до 13-тиот сезонски триумф, а пак Брегалница го впиша 13-тиот сезонски пораз и се спушта на дното на табелата од „елитата“, па сите се пред многу тешка мисија за опстанок.
Ване Крстевски по седум минути игра погоди за 1:0, а во 18. минута Халиди Лвалива си постигна автогол за 2:0, по што штипскиот тренер Горан Здравков направи измени во своите редови но без ефект. Првиот дел заврши со 2:0 на полувреме.
Во второто полувреме Аденис Шала постигна гол за убедливи 3:0, а пак Ремзифаил Селмани во 78. минута постигна гол за 3:1, а во финишот Алмир Аганспахич погоди за конечни и убедливи 4:1.
Брера забележа важна победа над Работнички од 2:1 во Турново на „Кукуш“ со што „романтичарите“ ја продолжуваат резултатската криза во борбата за сигурен опстанок.
Атдхе Мазари во 15. минута погоди за 0:1, а во 32. минута Урош Стамениќ постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел продолжи неизвесната игра во која се бараа трите бодови од страна на двете екипи. Во 74. минута Ибрахим Абиодун Олаосебикан постигна гол за конечни 2:1.
Шампионот Струга Трим Лум со 3:1 го доби езерското дерби со Воска Спорт во меч искусниот голгетер Бесарт Ибраими беше двоен стрелец, а гол за домашниот тим постигна ги Еффионг Хоган Укпа, а пак за гостинскиот тим најдобриот стрелец Алекса Марушиќ погоди за конечни 3:1.
Македонија ЃП го одигра можеби и најдобриот меч оваа сезона, откако со убедливи 1:4 го декласираше Гостивар на гостински терен. „Лавовите“ на полувреме имаа 1:2, откако Крсте Велкоски постигна гол во 14. минута за 0:1, а пак Кехинде постигна гол за 1:1. Во 43. минута Стоилов беше стрелец за 1:2 на полувреме.
Во вториот дел Дос Реис Боарето погоди за 1:3, а во судиското надополнување Величковски постигна погодок за конечни 1:4.
Како што објави вчера М Нет телевизија, Шкупи со 3:0 го декласираше Вардар во скопската пресметка на Чаир, а пак Тиквеш и Силекс одиграа 1:1.
Струга е прва со 54 бодови, втор е Шкупи со 51 бод, а Шкендија е трета со 48 бодови. На четвртото место е Силекс со 36 бодови, три помалку има Тиквеш кој е место подолу, на шестото место е Гостивар со 32 бодови, Брера сега е седма со 30 бодови. На осмото место е Работнички со 27 бодови колку што има и Воска Спорт која е деветта со 27 бодови.
Во бараж зоната е Вардар со 26 бодови како десетти, Македонија ЃП сега е претпоследна со 24 бодови на 11. место, а на дното е Брегланица со 22 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет