Организирана крводарителска акција по повод одбележувањто на денешниот ден

По повод одбележувањето на денешниот празник, низа активности се реализираа во градот Штип. За првпатсе организираше и граѓанската крводарителска акција во соработка со Општина Штип, која се одржа во просториите на штипскиот Дом на Млади.

„Денеска во склоп на сите активности кои што ги организира Домот на Млади е и оваа крводарителска акација, која што се одржува по прв пат на овој датум. Се надеваме дека и ова ќе стане традиција, задоволни сме од интересто на граѓаните кои што не посетија од наутро. Очекуваме се повеќе крводарители до крајот на денот.“ – изјави Стоилева

Од таму велат, дека има голем одзив на граѓаните, со што се надеваат дека вквата активност ќе прерасне во традиција која ќе се реализира на овој ден секоја година, а главната цел е да се спасат што повеќе човечки животи. До крајот на денот, очекуваат голем број на хумани граѓани. Паралелно на тоа во Дом на Млади се одржа и доделување на награди за најубави изработки од рециклиран материјал на деца со попреченост.

Лаура Стојанова, М-Нет