
Викендот се одиграа натпреварите од 12. коло од Општинската фудбалска лига во Велес или Четврта лига.
Чашка на домашен терен одигра 2:2 против Бабуна, Согле на домашен терен беше убедливо декласиран од Илинден, а пак Башкими со 3:0 го доби Горски.
Младост и Тополка го поделија „пленот“ откако двете екипи одигаа реми со по еден гол односно 1:1.
Натпреварот меѓу Богомила и Мартолци е прекинат поради ициденти на натпреварот, за што интервенирала и полицијата, а за овој натпревар Комисијата за натпреварување ќе донесе дополнителна одлука.
Александар Ванев, М-Нет