
Денес се комплетираше 12. коло од Трета лига – Запад со четири натпревари. Камјани на домашен терен беше поразен од Дрита на меч на кој паднаа 11 гола за конечните 4:7. За домашниот тим стрелци беа Салии, Реџепи, Алвора и Билали, а пак Ајрули си постигна автогол. За гостинот хет-трик постигна Ерсел Дико, а по еден гол постигнаа Исмаили, Рамадани и Ајредени.
Лидерот Влазерими на домашен терен со 3:1 запиша нова победа над Зајази. Арменд Алиу и Мргим Дани погодија за 2:0, а Шќиприм Руфати во 25. минута стрелаше за 2:1 на полувреме. Во финишто на мечот Дрилон Зендели во 82. минута погоди за конечни 3:1.
Напредок на домашен терен загуби минимално од Џепчишти од 0:1, откако гостинот славеше со голот на Ментор Саљиу.
Како што објави телевизија М Нет, вчера Љуботен во гости со 0:3 ја доби Речица.
Лидер е Влазрими со 34 бодови, Џепчишти е втор со 27 бодови, Дрита е трета со 24 бодови, Зајази е на 4. место со 14 бодови, а пак Речица е на 5. место со 11 бодови. Камјани е шести со 10 бодови, Љуботен сега е претпоследен со девет бодови, колку што има и некогашниот прволигаш Напредок од Кичево кој сега е последен со исто толку бодови.
Александар Ванев, М-Нет