Ќе се реконструира на патниот правец од с. Радање до с. Оџалија, а ќе се уреди училишниот двор во с. Парналија

Уредување на училишниот двор во село Парналија, реконструкција на патниот правец од село Радање до село Оџалија се дел од капиталните проекти кои оваа тековна година треба да се реализираат во Општина Карбинци. Дополнително ќе се работи на реконструкција на голем број улици, како и уредување на детски и спортски игралишта, истакна градоначалникот Паунов.

„Многу улици кои ќе бидат предмет на реконструкција и рехабилитација во повеќе населени места. Уредувањето на училишниот двор во село Парналија ќе биде за краток период предмет на реконструкција, патниот правец село Радање село Оџалија каде имаме прекин на на овој асфалтен коловоз ќе биде дозавршен, некаде околу 350 до 400 метри површина, неколку детски и спортски игралишта.“ – вели Паунов.

Истовремено, се работи на доградба на детската градика во село Таринци, проект со кој дополнително место ќе има за згрижување на 50 дечиња кои се наоѓаат на листа на чекање.

„Во однос на други капитални проекти Општина Карбинци има богата програма. Ќе го споменам проектот за доградба на детската градинка во село Таринци.“ – додава Паунов.

При крај е и реализацијата на проектот за приклучување на хидросистемот Злетовица. Со тоа осум населени места ќе пијат вода од ХС Злетовица.

На инфраструктурни проекти во општината се работеше и изминатиот период, односо реконструкција на улици и патишта, уредување на спортски и детски игралишта и случно.

Лаура Стојанова М-Нет