Ова го нема ни во Прва лига, натпревари од Детска лига – Југозапад под рефлектори!

Натпреварите од 3. коло во Детска лига – Југозападен регион овој викенд се одиграа под рефлектори на теренот на Ас Унитед во Струга.

Ова е чекор напред кога е во прашање развојот на фудбалот во овој регион. Координаторот на Детска лига – Југозападен регион, Никола Цветкоски уште еднаш ги покажа своите заложби за подигање на квалитетот на фудбалот и подобра организација во овој регион.

За жал во Македонија одамна немаме натпревари кои ќе се играат под рефлектори.

Кога Брегалница настапуваше во Втора лига одигра натпревари под рефлектори, како и Брера Струмица пред неколку сезони во Прва лига, но сега нема клубови кои играат под рефлектори.

Александар Ванев, М-Нет