Започнаа аудициите на фестивалот за деца „Весело Штурче“

Започна аудицијата на фестивалот на песни за деца „Весело Штурче“. Денес и утре дечињата ќе имат можност се претстават со своите песнички. Велат дека има многу добар квалитет во дечињата, тие се слободни на сцена, ваквите припреми на крај ќе резултираат со голем квалитет.

„Еве денска е првиот ден на престојните аудиции за Весело Штурче, денес од тоа што досега можевме да слушнеме, навистина како и секоја година имеме многу квалитетни дечиња, се надевам дека и овој фестивал ќе биде доста квалитетен, истовремено ги бираме песничките кои се поднесени од страна на авторите, мислам дека кога ќе ги склопиме и двете работи ќе има добра квалитет. Можеме да видиме дека децата си ја завршиле својата работа, се спремни за оваа аудиција, ги навежбале пеничките, бидејќи имаме и инструментална врезија односно караоке, на сцена се навистина слободни.“ вели Филип Стевановски, директор на фестивалот

На аудицијата на фестивалот за пени на деца се пријавиле околу 80 дечиња, а од авторите биле пријавени околу 134 песнички. Децидни се дека комисијата има голема работа, затоа што треба да изберат најмногу 22 пенички. Но, велат дека секоја година се зголемува квалитетот на децата со што ја исполнуваат целтта на фестивалот.

„ Гледаме дека од година на година имаме уште поквалитетни деца, тоа не прави нас радосни и тоа ни е целта, односно планот кој што го имаме ние. Бидејќи, навистина оние деца кои што припаѓаат и се навистина музикални треба да бидат тука да бидат со фестивалот. Во двата дена вкупно имаме 81 дете пријавено, има некои од нив кои се откажаа, но има голем број кои треба да ги преслушаме. Што се однесува до авторите кои ги пријавиа имаме околу 134 пенички , така да ќе иамаме доста многу работа, треба максимум 22 да се одберат.“ – вели Стевановски

Концептот на „Весело штурче“ останува ист како и минатата година, по аудициите, ќе следат проби и подготовки за Фестивалот .

Ангела Ѓуркова М-Нет