
Со пригодна манифестација, дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип го одбележаат денот на жената. Во дворот на детската градинка се преставија со музичка точка и рецитал посветен на сите жени, мајки.
Пригоден говор по повод 8 Март имаше и претседателот на здружението на борци Штип. Овој ден да се слави и почитува, а жените да уживаат во правата кои ги заслужуваат, порача тој.
„Република Македонија секоја година одбележува денот на жената 8 Март. Тоа е денот кога се одбележува борбата за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Барањата на жената за полова еднаквост, учеството во јавниот живот, како и подеданкви права и обврски со мажот за првпат се појавува во 20 век.“ – вели Мицевски.
На денешниот настан во дворот на детската градинка свежо цвеќе положија преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели.

Да бидеме почитувани и сакани секој не само денеска, порача директорката Ангеличкова во својата честитка за Осми март,.
„Јас од мое лично име, од името на вработените и од името на сите дечиња во го честитам празникот Осми март„ – вели Ангеличкова.
На настанот присуствуваше и градоначалникот Иван Јорданов. Тој како и дечињата од детската градинка со цвеќе го честитаа празникот на припадникчите од понежниот пол.
Лаура Стојанова М-Нет