
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски на средба со земјоделците од „Овчеполски фармер, вети продолжување на договоорите за закуп на земјоделско земјиште. На средбата денеска посочи дека се работи на продолжување на договорите, додавајќи дека ниту еден договор не е раскинат и ниту едно владение не е раскинато. Ова е со цел земјоделците да продолжат да произведуваат и да придонесуваат за развој на земјоделството во држжавата.
„Постапката за продолжување на договорите се спроведува и е нотарна лага дека имаме раскинати договори, немаме ниту еден раскинат договор, нотарна лага е одземено владението заради тоа што сме посветени системски да ги решиме проблемите на сите земјоделци и да ги продолжиме договорите во овој период иако е изборен. Ќе потсетаме дека во 2013 година на 41 договор, во исти изборен периос, овие земјоделци не биле третирани како битни, туку како гласачка машинерија.“ – вели Николовски.
За земјоделците пак и денеска беше нејасно зошто се чекало толку време за да се продолжат овие дововори, и зошто се избришани од катастерот. Децидни се дека немаат пари за повторно да прават елаборат оти тоа динансиски ги исцрпува.
„Досега имаа шест, однонсо осум месеци, што се чекаше до сега, зошто договорите не се продолжија, зоште се прави нагло притисок врз нас, зошто не избришаа од катастер. Ние плаќавме по 300 евра за еден договор за во катастер, сега се избришани. Треба нови елаборати кои чинат 500 евра“ – велат земјоделците.
По средбата во Свети Николе, земјоделците од Овчеполски фармер оставија простор до 3 април за министерот Николовски да го исполни ветеното. Во овој период од речиси еден месец протестите се ставени во мирување.
Лаура Стојанова М-Нет