
Започна новата кампања во Кочани за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Преставници од Полициската станица Кочани, учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани како и Локалната Самоуправа спроведоа кампања „Стави појас“. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај возачите, да ги почитуваат собраќајните правила и прописи, и со тоа побезбедно да учествуваат во сообраќајот.
„Денес ја започнуваме новата кампања во склоп на кампањата која е започната и претходната година за подигање на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот. Денешната кампања е со наслов „Стави појас“ и тука од СОУ „Гошо Викентиев“ заедно со учениците, со ПС Кочани и Општина Кочани сакаме да и упатиме порака на сите учесници во сообраќајот за внимателно возење, за користење сигурносен појас кој е дел од заштитата и сигурноста при возењето“ – вели Ристова.
Кампања за безбедно и одговорно учество во сообраќајот во Кочани се спроведуваше и минатата година. Средношколците од „Гошо Викентиев“ беа дел и од кампањата за поседување зимска опрема, и предупредување на возачите за одговорно возење во зимски услови, која се спорведе во ноември минатата година. Последната ваква кампања беше на 14 февруари годинава за празникот на виното и љубовта.
Лаура Стојанова М-Нет