Цвеќе и многу внимание е доволно за одбележување на денот на жената

Цвеќе и многу внимание, во пресрет на денот на жената Осми Март ги прашавме граѓаните на терен кој е подаркот на кој најмногу би се израдувале. Со оглед на фактот дека се е скапо, а примањата се ниски, согласни се дека доволно е едно цвеќе и внимание со цел да се одбележи овој ден. Подарок најчесто се добива од членови од потесното семејство, а така се и купува.

„Најчесто добиваме цвеќе и тоа е најубаво за жена, цвеќето е најдрагоцен подарок. Сега е беспарица нема потреба да се трошат децата, доволно е еден каранфил само. И вниманието, вниманието е многу важно.“ – велат граѓаните.

Велат дека празникот на жената се почитува и ден денеска, а жените се повеќе ги добиваат своите права. Кога се во прашање подароците пак, согласни се дека не се купува како некогаш, но макар и на најсромен начин денот се одбележува.

Лаура Стојанова М-Нет