
Денес се играат натпреварите од вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го проследат дуелот на последниот и првиот на табелата.
Во Македонска Каменица „фенерџијата“ Каменица Саса ќе го пречека лидерот Беса од Добри Дол, во меч каде „рударите“ одат на се или ништо, а пак Беса ќе допатува како апсолутен фаворит за нов триумф и освојување на целиот плен.
Главен судија на мечот ќе биде Сашко Ристов од Струмица, а преносот на спортскиот канал М Нет Спорт ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет