
В недела започнува пролетната полусезона во Трета лига – Север со натпреварите од 14. коло.
Дербито го играа некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ и Шкендија од Арачиново, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го следат оваа големо дерби за баражот за Втора лига.
Штипски судии ќе ја делат правдата на оваа мега пресметка.
Димитар Пилешков е главен судија, негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Александар Гигов.
Четврт судија ќе биде Дарко Стојанов.
Делегат на мечот ќе биде Димче Маневски од Велес, а контролор ќе биде Бранко Манојловски од Берово.
Преносот на М Нет Спорт ќе биде в недела од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет