
Проектите од претходната власт градоначалникот на Општина Карбинци си ги препишува за свои, реагираа денеска од ОО на СДСМ Карбинци. Од таму велат дека патниот правец од село Долни Балван до село Таринци е проект на владата предводена од СДСМ.
„Неспособната локална власт во Карбинци се обидува проектите кои беа започнати и за кои обезбедени пари во претходниот мандат, денес да ги прикаже како свои најголеми капитални инвестиции. Проектот за реконструкција на локалниот пат од с. ДолниБалван до с.Таринци е започнат во 2020 г. во месец март кога владата предводена од СДСМ обезбеди 669.921,00 евра за реконструкција и рехабилитација на локални патишта во Општина Карбинци. Граѓаните на Општината преку форумски сесии ги утврдија своите приоритети за инвестирање. Прв приоритетен проект беше ,,Реконструкција и проширување на локалниот пат од с.Таринци до с.Долни Балван, како и реконструкција и изградба на локална улица- обиколница во с.Д. Балван во должина од 1000метри.“ – стои во писменото соопштение на ОО на СДСМ Карбинци.
СДСМ одамна се избришана партија во нашата општина и ќе се сликаат во втор ред со нашите проекти, врати градоначалникот Пуанов.
„Ние ќе работиме во интерес на граѓаните, а СДСМ ќе продолжи да се слика во втор ред на нашите проекти. Тие одамна се избришана партија во Карбинци. Народот ги казнува редовно а на следните избори тоа ќе биде историски најголем нивен пораз. Почетокот на рехабилитацијата на патниот правец Таринци – Долни Балван започна во месец Октомври 2023 година и ќе трае до крајот на месец Март 2024 година. Ова е вистината која и граѓаните ја препознаваат. Единствена способност која ја има сдсм е театар и фолклор изјави со кои ја замајуваат јавноста!“- врати градоначалникот Паунов.
Лаура Стојанова М-Нет