
Во рамки на 16. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија екипата на Маџари го забележа 14-тиот сезонски триумф откако сосема очекувано славеше над штипски Соколи со резултат од 84:62, доволно за ефект 14-2 и второ место на табелата.
Соколи се на шестото место на табелата со ефект од 7 победи и девет порази и вкупно 23 бодови на контото.
На останатите средби Тетекс загуби со 70:83 од Мега Баскет, лидерот МКК Куманово со 96:46 го збриша составот на Водно Санс.
Работнички 2018 загуби со 68:90 од Ангели, Победа, но службена, поради исклучувањето од лигата на екипата на Куманово 2009 (втор службен пораз во сезоната), запишува и скопски Шкупи. Вечер играат Борец против МЗТ Скопје Уни Банка.
Александар Ванев, М-Нет