Тим Арена со 100 поени го збриша тимот на Риниа Баскет во „Јордан Мијалков“ во Штип

Кошаркарките на Тим Арена забележаа нова убедлива победа од 100:34 овој пат против екипата на Риниа, во рамки на 13. коло од Првата Б кошаркарска лига.

Риниа Баскет од Куманово немаше сили да парира на расположените штипски кошаркарки кои доминираа на средбата одиграна во „Јордан Мијалков“ во Штип.

Ова е десетта сезонска победа за Тим Арена која на своето конто има 22 бодови и се наоѓа на првото место на табелата.

Александар Ванев, М-Нет