
Веднаш да се пронајде решение на проблемот со патните исправи порача денеска од Штип пратеникот Никола Мицевски. Вели дека тие како опозиција ќе го подржат Законот со кој патните исправи би важеле до крајот на годината. Дециден е дека вакви промени се потребни за да се спречат гужвите пред полициските станици и хаост со кој што се соочуваат граѓаните.
Имено, ние како пратеничка гупа на 12 февруари, поднесовме барање за итна седница, односно Законот за безбедност во сообраќајот за возачките дозволи, и Законот за патните исправи на граѓаните на Република Македонија. Во однос на возачките дозволи затоа што се предизвика голем притисок, владеачкото мнозинство изготви закон идентичен на нашиот, со што го однесе и го потпишаа во собранието, со што и ние дадовме подршка, со цел да го решиме проблемот на граѓаните.- вели Никола Мицевски, пратеник во Собрание
Се уште не се знае дали ќе има продолжување на патните исправи до крајот на годината, со што би се намалил хаотичниот ред пред полициските станици. Законот е заглавен некаде во лавиринтите на собранието, вели Мицевски.
„Законот за жал е заглавен некаде во лавиринтите во собранието, и апелирам до претседателот на Собранието и владеачкото мнозинство итно да се најде законот и да се стават на итна седница, доколку нема можност за итна седница, на 27 Февруар имаме седница на која што би можело да ги направиме и овие измени. Еве доколку не е прифатливо да тој закон биде поднесен од ВМРО, предлагам да поднесат идентичен таков закон кој што ние ќе го подржиме. Се со цел граѓаните да ги надминат проблемите со кој што се соочуваат во моментот.“ – додаде Мицески.
Рокот на траење на пасошите без Северна заврши на 12 Фебруари годинава.
Лаура Стојанова М-Нет