
Денес во Кратово прволигашот Силекс и второлигашот Детонит Плачковица одиграа генералка пред стартот на пролетната полусезона, а на овој тест радовишани беа подобри со минимални 0:1. Автогол си постигна Мухарем Трако.
Веќе овој викенд започнува пролетната полусезона во Првата и Втората фудбалска лига.
Силекс на домашен терен ќе игра против Брера Струмица во ПМФЛ, а пак Детонит Плачковица ќе гостува во Неготино кај Вардар во рамки на ВМФЛ.

Александар Ванев, М-Нет