Миовски е голгетер, но и голем човек! Го подари дресот на детенце кое навива за Абердин!

ФОТО: Aberdeen Football Club

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски ја игра дефинитивно најдобра сезона во шкотската Премиер лига. Штипјанецот е на мета на повеќе екипи, а Абердин тешко дека ќе може да го задржи во своите редови, но повеќе од сигурно шкотскиот тим ќе заработи одлична сума со трансфер на Миовски.

Синоќа штипјанецот постигна два гола за осум минути во Купот на Шкотска, откако Абердин со 2:0 обезбеди победа над Бониринг Роуз. Сепак, Миовски покрај како фудбалер се покажа и како голем човек, откако на трибините мал фан на Аберин му го побара дресот преку порака која гласеше – „Најдобар на светот – Миовски! Те молам ако може да го добијам твојот дрес, ти си ми омилен фудбалер! СУУИИИ – БМ9“.

Миовски му ја исполни желбата на детенцето, откако му го подари неговиот дрес!

Александар Ванев, М-Нет